Селин Дион повторно ги откажа сите настапи пореди ретка болест! Пејачката чуствувала неподносливи болки, телото и било успорено и не можела да пее…

Пејачката Селин Дион има синдром на вкочанета личност – повторно ги откажа сите настапи.

Канадската пејачка Селин Дион ги откажа сите преостанати концерти и им кажа на обожавателите дека не се чувствува доволно добро за турнеја откако и било дијагностицирано ретко невролошко нарушување.

Пејачката кон крајот на минатата година откри дека боледува од синдром на вкочанета личност, што влијае и на нејзиниот квалитет на пеење.

Ужасно ми е жал што повторно ќе ве разочарам. Иако ми го крши срцето, најдобро е да откажам се додека не бидам подготвена да се вратам на сцената“, напиша таа во објава на социјалната мрежа Твитер.

Во декември минатата година, таа откри дека боледува од синдром на вкочанета личност, нарушување кое погодува еден од милион луѓе и со текот на времето предизвикува болните да станат „човечки статуи“ додека прогресивно напредува и го инхибира телото болеста, оставајќи ги луѓето неспособни да одат или зборуваат. Во тоа време, таа изјави дека нарушувањето, исто така – „не и дозволува да ги користи гласните жици за да пее како порано“.

Како и повеќето автоимуни болести, тоа е двојно почеста појава кај жените. Карактеристично за овој синдром е тоа што пациентот има болни мускулни грчеви и тие со текот на времето стануваат се почести. Оваа болест влијае на централниот нервен систем, особено на мозокот и ‘рбетниот мозок. Пациентите може да станат инвалиди, врзани за кревет или инвалидска количка, неспособни да работат или да се грижат за себе.

Симптомите вклучуваат екстремна вкочанетост, силна болка и хронична анксиозност. Мускулните грчеви можат да бидат толку тешки што ги дислоцираат зглобовите или дури и ги скршуваат коските. Важно е луѓето кои чувствуваат грчеви во пределот на ‘рбетот и вратот да контактираат со невролог.