РОНАЛДО, МЕСИ И БЕНЗЕМА ЈАДАТ ИСТА ХРАНА! Нивниот готвач ги открива деталите: “Ова има малку калории, согорува килограми и ви дава сила…“

Еве каква храна јадат професионалните спортисти како Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Карим Бензема!

Општо познато е дека професионалните спортисти, како што се фудбалерите, мора да се придржуваат до редовно вежбање, спиење и особено да се грижат за исхраната. Дали знаевте дека истата диета т.е. начин на исхрана го делат Лионел Меси (35 г.), Кристијано Роналдо (38 г.) и Карим Бензема (35 г.).

Дел од менито на оваа тројка добитници на „Златната топка“ е т.н „суперхрана“ која им помага да постигнат завидни резултати. Иако веќе се навлезени во четвртата деценија и годините кога фудбалерите полека заминуваат во пензија, сепак се во полна сила.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, „суперхраната“ стана популарна во соблекувалните ширум светот и во суштина се однесува на производи кои имаат важни хранливи материи. Еден што ги исполнува сите критериуми што им се потребни на фудбалерите се алгите, кои неодамна забележаа зголемување на потрошувачката во САД.

Алгите се познати по тоа што помагаат да се одржи океанот чист, но имаат и седум пати повеќе протеини од месото, рибата и зеленчукот. Содржат и витамини А, Б1, Б2, Ц, Д, Е, како и калциум и железо, влакна и калиум, па играчите се полни со енергија за натпревари и тренинзи. Освен тоа, го забрзува метаболизмот и на крајот помага при слабеење, а голем плус е тоа што немаат премногу калории.

Шпанскиот готвач Алберто Мастроматео, кој беше приватен готвач на сите тројца фудбалери, ги открива придобивките од морските алги:

Тие содржат голема хранлива вредност. Со мала количина добивате многу растителни протеини кои телото ги обработува дури и подобро од животинските протеини“, рекол готвачот и додал дека тие се богат извор на омега-3 масни киселини.

Дали некогаш сте пробале алги !?