Дали сте слушнале за пилешко „омажи ме“? Овој рецепт станува се попопуларен

Пилешкото „омажи ме“ станува се попопуларна на социјалните мрежи. Всушност, корисниците на TikTok велат дека овој рецепт е толку вкусен што ќе можете да го освоите неговото срце.

Ви треба:

  • три големи парчиња пилешки гради или шест пилешки филети претходно исушени со кујнска крпа
  • малку сол и црн пипер
  • 30 гр брашно
  • приближно 45 ml маслиново масло (по потреба можете да додадете повеќе)
  • 40 гр несолен путер
  • три чешниња лук
  • лажица сос од домати
  • 1/2 лажичка суво оригано (по избор)
  • малку црвен пипер (по избор)
  • 240 мл пилешка супа
  • 120-180 мл кисела павлака
  • 40 гр пармезан сирење
  • околу 70 гр суви домати
  • малку босилек

Подготовка

Ако користите пилешки гради, почнете од најдебелиот крај и пресечете го секое парче пилешки гради хоризонтално на половина, така што ќе завршите со вкупно шест парчиња. Убаво зачинете ги со сол и бибер од двете страни.

Во чинија ставете брашно и во него виткајте го секое парче филе. Потоа наредете ги на поголема чинија.

Загрејте го маслото во голема тава на средно-висок оган. Кога ќе се загрее, намалете ја топлината и додадете го путерот. Пржете го месото од едната и од другата страна до златно кафеава боја (околу пет минути). Додадете масло по потреба. Наредете го месото во чинија.

Намалете ја топлината, додадете го лукот и динстајте околу две минути. Додадете го сосот од домати и динстајте две минути додека мешате. По желба додадете црвен пипер и оригано. Зголемете го огнот на средно и додадете ја смесата.

Оставете да се готви околу пет минути, односно додека течноста не се намали за половина. Додадете ја павлаката и нежно мешајте додека сосот не се згусне, околу три минути. Измешајте пармезан и сушените домати. Вратете го пилешкото во тавата и варете околу четири минути. Тргнете од оган и послужете со босилек. Пријатно!