Вишото јавно обвинителство во Врање дало наредба да се проверат околностите за наводно снимање на експлицитно видео во основно училиште во Сурдулица, во кое наводно две момчиња и едно девојче биле снимени во сцена на орален секс во училницата, пренесуваат српските медиуми.
„Утврдено е дека актерите се деца на возраст до 14 години и дека не подлежат на кривична одговорност, па наредено е во случајот да се вклучат во Центарот за социјална работа и надлежните училишни служби“, истакнале од канцеларијата на Вишото обвинителство во Врање.
Исто така, случајот го потврдиле и од полицијата во Врање со ист одговор како од обвинителството.
Да потсетиме, според неофицијални информации, видео-снимката е направена во една од училниците. Педагогот на училиштето е на боледување, а никој од вработените не сакал јавно да зборува за српските медиуми.
„Никој не може со сигурност да каже што се случило. Сите слушаме некои приказни. Страшно е тоа што се прави во нашите училишта“, изјавил еден од родителите чие дете оди во ова училиште.
Друг наведува дека разговарал со дежурниот наставник, кој вели дека е сигурен оти тоа не се случило за време на неговата вчерашна дежура.
„Не знаеме кој е на видеото, дали има само момчиња или има и девојчиња, кога се случило, само се зборува дека се случило и дека е снимено“, истакнал друг родител.