ДВЕ 14-ГОДИШНИ МОМЧИЊА СНИМИЛЕ ОРАЛЕН СЕКС СО ДЕВОЈКА ВО УЧИЛИШТЕ – Нов скандал во српските училишта, ова се деталите

Вишото јавно обвинителство во Врање дало наредба да се проверат околностите за наводно снимање на експлицитно видео во основно училиште во Сурдулица, во кое наводно две момчиња и едно девојче биле снимени во сцена на орален секс во училницата, пренесуваат српските медиуми.

Утврдено е дека актерите се деца на возраст до 14 години и дека не подлежат на кривична одговорност, па наредено е во случајот да се вклучат во Центарот за социјална работа и надлежните училишни служби“, истакнале од канцеларијата на Вишото обвинителство во Врање.

Исто така, случајот го потврдиле и од полицијата во Врање со ист одговор како од обвинителството.

Да потсетиме, според неофицијални информации, видео-снимката е направена во една од училниците. Педагогот на училиштето е на боледување, а никој од вработените не сакал јавно да зборува за српските медиуми.

Никој не може со сигурност да каже што се случило. Сите слушаме некои приказни. Страшно е тоа што се прави во нашите училишта“, изјавил еден од родителите чие дете оди во ова училиште.

Друг наведува дека разговарал со дежурниот наставник, кој вели дека е сигурен оти тоа не се случило за време на неговата вчерашна дежура.

Не знаеме кој е на видеото, дали има само момчиња или има и девојчиња, кога се случило, само се зборува дека се случило и дека е снимено“, истакнал друг родител.