Наводно бил претепан од наркоман пред очите на децата
Дедо кој дошол да земе дете денеска бил наводно претепан пред основното училиште „Миладије“ во Тузла .
Наводно бил нападнат од наркоман и претепан пред очите на децата, пренесува Аваз .
Иако се уште нема потврда од МУП од Тузла, портпаролката на Универзитетскиот клинички центар во Тузла, Ерсија Ашчериќ-Мујединовиќ изјави дека е примен пациент со иницијали С.А.(65).
Истиот е обработен на рецепција на Клиниката за ортопедија и трауматологија и е упатен на дополнителна дијагностика на Клиниката за пластична и максиофацијална хирургија.