Дедо дошол да земе дете пред училиште, нападнат и претепан од наркоман? Хорор во Тузла

Наводно бил претепан од наркоман пред очите на децата

Дедо кој дошол да земе дете денеска бил наводно претепан пред основното училиште „Миладије“ во Тузла .

Наводно бил нападнат од наркоман и претепан пред очите на децата, пренесува Аваз .

Иако се уште нема потврда од МУП од Тузла, портпаролката на Универзитетскиот клинички центар во Тузла, Ерсија Ашчериќ-Мујединовиќ изјави дека е примен пациент со иницијали С.А.(65).

Истиот е обработен на рецепција на Клиниката за ортопедија и трауматологија и е упатен на дополнителна дијагностика на Клиниката за пластична и максиофацијална хирургија.