Од својата премиера во 1968 година, грубиот јапонски пик-ап стана омилен меѓу купувачите на сите континенти поради неговата работа и способности за теренски пат.
Едноставно, Hilux е направен да работи и да трае вечно.
Дека ова не е празна приказна се потврди пред точно 20 години кога тимот на Top Gear го подложи на невозможни маки и се обиде да го „убие“ на различни начини.
Во серијата неверојатни обиди за атентат, особено импресивен беше моментот кога Кларксон, Меј и Хамонд решија да го фрлат од зградата.
Со серија експлозии зградата за неколку секунди се претвори во пепел, а црвената Тојота Хилукс која беше паркирана на врвот од зградата едноставно не сакаше да умре.
Епизодата „Killing a Toyota“ до ден денес останува еден од најпознатите моменти на Top Gear во целата историја на шоуто.