Денот кога Тојота одби да умре: Зграда беше урната со динамит, а неуништлив пик-ап го преживеа падот од 23 кат

Од својата премиера во 1968 година, грубиот јапонски пик-ап стана омилен меѓу купувачите на сите континенти поради неговата работа и способности за теренски пат.

Едноставно, Hilux е направен да работи и да трае вечно.

Дека ова не е празна приказна се потврди пред точно 20 години кога тимот на Top Gear го подложи на невозможни маки и се обиде да го „убие“ на различни начини.

Во серијата неверојатни обиди за атентат, особено импресивен беше моментот кога Кларксон, Меј и Хамонд решија да го фрлат од зградата.

Со серија експлозии зградата за неколку секунди се претвори во пепел, а црвената Тојота Хилукс која беше паркирана на врвот од зградата едноставно не сакаше да умре.

Епизодата „Killing a Toyota“ до ден денес останува еден од најпознатите моменти на Top Gear во целата историја на шоуто.