Дејвис куп репрезентацијата на Србија на чуден начин не успеа да се пласира во финалето на ова натпреварување.
Да потсетиме, во решавачкиот меч Новак Ѓоковиќ и Миомир Кецмановиќ загубија од италијанската двојка Јаник Синер – Лоренцо Соного со 2:0, по сетови 6:3, 6:4, а вчера Италијаните станаа победници на оваа натпреварување.
А потоа, еден ден по тешкиот пораз, дојде уште една катастрофална вест за српската репрезентација.
Имено, специјални покани за завршниот турнир следната година ќе добијат Шпанија и Велика Британија, пишува добро информираниот новинар Хозе Моргадо.
Српските тенисери затоа ќе мора повторно да ги играат квалификациите за да се пласираат на „Фајнал Ејт“.