Ден по поразот во полуфиналето на Дејвис купот, организаторите донесоа катастрофална одлука?!

Дејвис куп репрезентацијата на Србија на чуден начин не успеа да се пласира во финалето на ова натпреварување.

Да потсетиме, во решавачкиот меч Новак Ѓоковиќ и Миомир Кецмановиќ загубија од италијанската двојка Јаник Синер – Лоренцо Соного со 2:0, по сетови 6:3, 6:4, а вчера Италијаните станаа победници на оваа натпреварување.

А потоа, еден ден по тешкиот пораз, дојде уште една катастрофална вест за српската репрезентација.

Имено, специјални покани за завршниот турнир следната година ќе добијат Шпанија и Велика Британија, пишува добро информираниот новинар Хозе Моргадо.

Српските тенисери затоа ќе мора повторно да ги играат квалификациите за да се пласираат на „Фајнал Ејт“.