Ова се најчестите проблеми при секс кај мажите: „Има решенија за нив!“

Постојат многу потенцијални причини

Мажите, исто како и жените, страдаат од различни проблеми во сексуалниот живот, од импотенција до предвремена ејакулација итн. Експертот Трејси Кокс ги откри четирите најчести проблеми поврзани со сексот, но даде и совети како да ги спречите, пишува Дејли Меил .

Проблеми со ерекцијата:  Речиси секој маж до 40-годишна возраст, тврди експертот, доживува проблеми со ерекцијата. Причините можат да бидат физички и психолошки. Премногу алкохолни пијалоци, исцрпеност, анксиозност и стрес се само некои од потенцијалните виновници. “Проблемите во односите меѓу партнерите може да предизвикаат еректилна дисфункција. Ако не се согласувате надвор од спалната соба, тешко дека тој ќе биде опуштен во неа”, советува Кокс. Ако такво нешто се случи еднаш или двапати, нема потреба да се грижите, забележува таа. Но, ако паничите, тоа може да се повтори. Важно е да се утврди дали проблемот е од физичка или психолошка природа. Ако ерекција се појави при будењето наутро или се постигне за време на мастурбацијата, тогаш причината веројатно е психолошка.

Не можат да доживеат оргазам:  Жените се навикнати понекогаш да не доживеат оргазам, но не и мажите. Затоа, таквата ситуација често е шок и за двајцата. “Во тој случај жените мислат дека нешто не е во ред со нив, дека не се доволно привлечени или слично. Има многу потенцијални причини. Може да биде тоа што претходно пиел алкохол, дека е реакција на некој препишан лек или дека едноставно премногу пати доживеа оргазам и го достигна ’лимитот’“, објаснува експертот.

Предвремена ејакулација:  предвремената ејакулација е најчестиот машки сексуален проблем. Помеѓу 20 и 30 отсто од мажите чувствуваат дека сексот не трае толку долго колку што мислат дека треба, вели експертот за секс и врски Трејси Кокс. Ако пребрзо заврши, тоа е и еден од машките проблеми. Тешко е точно да се одреди кога е „прерано“. Сексуалните терапевти генерално го делат мислењето дека мажот ги исполнува овие критериуми доколку ејакулира во рок од една минута и во период подолг од шест месеци, но не постои „универзално правило“. Ако понекогаш се случи предвремена ејакулација, тоа би можело да значи дека тој немал секс долго време или дека прави нешто особено возбудливо со некој што многу го напалува.

Не го интересира сексот:  Има многу причини за ова, вели експертот. Кавги, промени во расположението, падови на хормони, но и несогласувања со партнерот. “Најчеста причина е неусогласеноста на либидото. Некои луѓе имаат посилен сексуален нагон. Во идеален свет, сите сакаме партнер со слично либидо. Но, ако тоа не е така, најдете компромис”, советува Кокс.