Се судрија два патнички авиони

Два патнички авиони се судрија на јапонски аеродром, неколку недели по смртоносната несреќа.

Официјален претставник на „Корејски ер“ изјави дека во вторникот на аеродромот Њу Читозе на северниот јапонски остров Хокаидо, бил погоден авион на корејската ерлајнс од авион на Катаи Пацифик ервејс.

Несреќата се случила кога авионот на Korean Air се подготвувал да полета, изјави претставник на авиокомпанијата.

Засега нема информации за повредени.

Да потсетиме, на почетокот на јануари во Јапонија дошло до судир на патнички авион и авион на крајбрежната стража.

Сите 379 лица во авионот JAL се безбедно евакуирани, додека пет од шесте членови на екипажот на помалиот авион на крајбрежната стража загинаа.