Потресни сцени од Газа: Семејствата се збогуваат со своите убиени деца

– Потресни снимки и фотографии пристигнуваат секојдневно од опколената палестинска енклава Газа. Во еден од израелските напади, кои беа извршени денес, повторно гледаме деца како жртви на израелските напади.

Семејствата се збогуваат со своите малечки и роднини во баптистичката болница „Ал-Ахли“.

Најмалку 35.272 Палестинци се убиени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година. Меѓу убиените има најмалку 14.944 деца и 9.849 жени.

Израел, кој е обвинет за геноцид, спроведува и блокада на Појасот Газа и не дозволува влез на хуманитарната помош што ги одржува во живот 2,3 милиони Палестинци таму.

Повеќе од седум месеци од почетокот на израелската војна големи делови од Појасот Газа се во урнатини, а 85 отсто од населението на енклавата се внатрешно раселени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки хуманитарната помош да стигне до цивилите во Газа.