Шакира со провокативни фотографии од плажа најави нова песна, фановите согласни: „Се подмлади откако раскина со Пике“

Со провокативни фотографии во костим за капење, колумбиската пејачка Шакира ја најави својата нова песна „Nassau“.

Таа позирала на песочна плажа во дводелен костим за капење и природна шминка на лицето.

Во описот Шакира откри дека новата песна „Nassau“ ќе се најде на нејзиниот албум „Las Mujeres Ya No Lloran“ кој ќе излезе на 22-ри март.

„Оваа жена се подмлади откако раскина со Пике, изгледа како да има 30 години, кралица на долговечноста“, „Самотијата ти прилега“, „Една и единствена“, „Не можам да верувам дека си реална“, гласат дел од коментарите под објавата.

За потсетување, новиот албум вклучува 16 песни – 8 нови, плус ремикс и 7 претходно објавени хит синглови, меѓу кои: „Music Sessions Vol. 53“ со Бизарап, „TQG“ со Керол Џи, „Te Felicito“ со Рау Алехандро, „Copa Vacía“ со Мануел Туризo… Седумте претходно објавени песни веќе имаат вкупно 3,7 милијарди репродукции на „Spotify“.

„TQG“ и „Music Sessions Vol. 53“ дебитираа глобално на првото место на топ 50 листата на „Spotify“. „Music Sessions Vol. 53“ е најстримуваната песна на шпански јазик во еден ден во историјата на „Spotify“. Шакира и Бизарап, исто така, освоија латино Греми награди во 2023 година за песна на годината и најдобра поп песна.