ВИДЕО | ДЕСЕРТ СО НЕОДОЛИВ ВКУС- Tорта со афион: Една смеса, пет слоја

Магичниот колач со афион е познат и како паметен колач, бидејќи сите состојки се печат заедно во една тава, а на крајот добивате пет различни слоеви. Во почетокот важно е да се одвои во две смеси, а потоа да се соединат пред печење.

Состојките што ќе ви бидат потребни за темната смеса се:

  • 75 грама путер
  • пет жолчки
  • 100 грама бело чоколадо
  • 100 грама брашно
  • 200 гр мелено сино афионово семе
  • 150 грама шеќер
  • пет лажици ладна вода
  • 600 милилитри млеко
  • прстофат сол
  • рендана кора од еден лимон

Состојките за посветлата смеса се:

  • пет белки
  • две лажици сок од лимон
  • прстофат сол

За подмачкување на плех со димензии 30х20 сантиметри

  • парче путер или маргарин

Подготовка:

Прво ја подготвувате потемната смеса. Растопете го путерот и додадете го чоколадото. Оставете ја смесата да остане млака. Потоа одвојте ги жолчките од белките. Жолчките изматете ги со миксер и додадете шеќер. За овој чекор се препорачува да користите рачна мешалка.

Кога смесата ќе стане кремаста, додадете ладна вода и измешајте. Потоа со миксер додајте растопен путер и чоколадо. Додадете просеано брашно, сол и кора од лимон.

Постепено додавајте мелено семе од афион, тука е важно да имате афион без додаден шеќер, бидејќи тогаш рецептот нема да работи. 

Сега е време за втората смеса. Во белките додадете сок од лимон и сол. Матете ја смесата со миксер на најголема брзина додека не добиете цврст снег. Кога ќе добиете цврст снег, тогаш полека сипете ја темната смеса. Не мешајте многу, бидејќи е потребно да се остават грутчиња врз смесата.

Тавата премачкајте ја со путер или маргарин и прелијте ја смесата. Печете го колачот еден час на 160 степени во загреана рерна. Кога е готов, оставете го да се излади половина час на собна температура, а потоа ставете го во фрижидер неколку часа.

афиондесертторта