ДЕТЕТО-МОНСТРУМ БИЛО НАПУШТЕНО !? Поведена е постапка против мајката на масовниот убиец Коста К. – откриено зошто обвинителството има сомнеж

Основното јавно обвинителство во Белград по службена должност покрена истрага во врска со масакрот во основното училиште „Владимир Рибникар“ со цел да се утврди дали во постапките на М.К., мајката на 13-годишниот убиец, има елементи на кривично дело, како што се запуштање и злоупотреба на малолетно лице, објавија соседните медиуми.

Обвинителството испратило барање до белградската полиција за прибирање на потребните информации, при што и било наредено да ја сослушаат осомничената М.К., да извршат разговор со педагогот и психологот вработени во „Владимир Рибникар“, како и да ги преземат сите други мерки и дејствија потребни за целосно утврдување на фактичката состојба.

Исто така, на Градскиот центар за социјална работа му е наложено да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на момчето убиец и да поднесе пријава до обвинителството, како и да утврди дали претходно наведеното семејство било во евиденцијата на таа институција.

Да потсетиме, седмоодделенец од белградското училиште „Владислав Рибникар“ на 3. мај влезе во училиштето со пиштолот на својот татко и уби девет ученици и еден училишен чувар. Набргу по масовното убиство, на таткото на момчето, Владимир К., му ставија лисици и беше обвинет за кривично дело – тешко кривично дело против општа опасност.

За ова дело, според српскиот адвокат Никола Ристовиќ, максималната казна е 12 години затвор.

Доколку настапила тешка телесна повреда на лице или материјална штета од поголеми размери, сторителот ќе се казни со затвор од една до осум години. Но, ако смртта настапила кај едно или повеќе лица, сторителот ќе се казни со затвор од две до 12 години“, објаснил адвокатот за соседните медиуми.

БелградКоста К.криминалмасакарСрбијаубиствоучичиште