Директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски учествуваше на седницата на Регионалната стопанска комора во Битола, каде се разговараше за актуелните состојби во стопанството и очекувањата во годината што престои.
Главниот акцент во излагањето на директорот Матевски беше ставен на енергетска криза и заложбите на ЕСМ и РЕК Битола да обезбедат доволни количини струја за домаќинствата и малите бизниси, како и за определени стопански гранки што непречено ќе продолжат да работат и придонесуваат во локалниот стопански раст и развој.