Директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски учествуваше на седницата на Регионалната стопанска комора во Битола

Директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски учествуваше на седницата на Регионалната стопанска комора во Битола, каде се разговараше за актуелните состојби во стопанството и очекувањата во годината што престои.

Главниот акцент во излагањето на директорот Матевски беше ставен на енергетска криза и заложбите на ЕСМ и РЕК Битола да обезбедат доволни количини струја за домаќинствата и малите бизниси, како и за определени стопански гранки што непречено ќе продолжат да работат и придонесуваат во локалниот стопански раст и развој.