Најголемата германска банка Дојче банк размислува за купување на дел од имотот на швајцарската банка Credit Suisse, која се соочува со пад на вредноста на акциите.
Забележано е дека Deutsche Bank ја следи ситуацијата со Credit Suisse и разговара кои аспекти на банката може да бидат интересни за стекнување, вклучувајќи ја и можноста за нејзино купување од најголемата швајцарска банка, UBS.
Според извори, Дојче банк моментално води само внатрешни дискусии и се уште нема дадено никакви предлози, пренесува Блумберг.
Швајцарскиот банкарски гигант UBS е во преговори за преземање на целата или дел од банката „Credit Suisse“ , бидејќи финансиската линија за нејзино спасување не успеа да ја врати довербата на инвеститорите, објави Financial Times.