Дојче банк „фрли око“ на Credit Suisse

Најголемата германска банка Дојче банк размислува за купување на дел од имотот на швајцарската банка Credit Suisse, која се соочува со пад на вредноста на акциите.

Забележано е дека Deutsche Bank ја следи ситуацијата со Credit Suisse и разговара кои аспекти на банката може да бидат интересни за стекнување, вклучувајќи ја и можноста за нејзино купување од најголемата швајцарска банка, UBS.

Според извори, Дојче банк моментално води само внатрешни дискусии и се уште нема дадено никакви предлози, пренесува Блумберг.

Швајцарскиот банкарски гигант UBS е во преговори за преземање на целата или дел од банката „Credit Suisse“ , бидејќи финансиската линија за нејзино спасување не успеа да ја врати довербата на инвеститорите, објави Financial Times.