Атлетико Минеиро крунисан за прв бразилски шампион, потврдена титулата од 1937

 – Беа потребни 86 години, но Атлетико Минеиро конечно е крунисан за прв бразилски фудбалски шампион, откако Фудбалската федерација на Бразил (ЦБФ) официјално ја призна нивната победа на „Турнирот на шампиони“ од 1937 година во ист ранг со првенството во бразилската Серија А.

Атлетико Минеиро во меѓувреме освои уште две бразилски титули, во 1971 и 2021 година.

Откако пред две години ја освои втората шампионска титула, Атлетико официјално побара од ЦБФ признавање на нивната титула од пред 86 години.

На пионерскиот меѓудржавен турнир настапија државните прваци од 1936 од различни региони на Бразил, како и спортскиот клуб на бразилската морнарица.

На одлуката на ЦБФ претходеа повеќе состаноци со претседателот на Атлетико Серхио Гоељо, кој на раководството на бразилската Федерација им предаде документ на 60 страници со иконографија, новинарски прилози и автентични писма за да ја покаже важноста на турнирот од пред 86 години.