,,Тепајте го посилно!” Ужас во Индија! Наставничката им наредува на децата да го тепаат со шлаканици на ученикот затоа што бил муслиман (фото/видео)

Полицијата во градот Музафарнагар во индиската држава Утар Прадеш покрена истрага против професорка од приватен интернат во локално село, откако се појави шокантно видео на кое таа ги охрабрува хинду учениците да му удираат шлаканица на својот содругар – муслиман.

Видеото предизвика бес низ Индија, прикажувајќи момче како стои и плаче додека другите ученици наизменично го удираат.

Наставничката Трипта Тјаги јасно се гледа на видеото што го објави весникот „Хиндустан тајмс“, како ги кара децата што не му удриле посилни шамари.

– Решив да ги тепам сите деца муслимани! Зошто не го удираш посилно? – стои во преводот на зборовите на наставничката објавен од индиски весник.

Таа им порачува да го направат тоа „правилно“.

Во позадина се слуша како маж се смее додека момчето плаче, а другите деца чекорат напред по наредба на учителката.

Сатјанарајан Праџапат, началникот на полицијата во Музафарнагар, рече дека наставничката им наредила на учениците да го удираат момчето бидејќи не ја знаел таблицата за множење, додавајќи дека таа ја спомнала и религијата на момчето.

– Учителката рече: „Кога мајките на учениците Мухамедан не обрнуваат внимание на учењето на нивните деца, тие знаат сè помалку“ – рече Праџапат.

,,Хиндустан тајмс” го цитира таткото на момчето кој рекол дека неговиот син бил примен во болница откако се пожалил дека го малтретирале и не можел да спие цела ноќ по инцидентот.

Агенцијата PTI објави дека на родителите на момчето им било понудено да го префрлат нивниот син во државно училиште, но дека сè уште не одлучиле што да прават, а приватното училиште во кое му удриле шлаканици нема да биде затворено.