Пет работници и еден пациент се повредени во пожар што рано утринава избувна на ургентното одделение на Клиниката за психијатрија во Бања Лука.
Тие се пренесени во главниот клинички центар во Република Српска и се врши набљудување за да се утврди степенот на нивните повреди.
Пожарот избувнал во „заклученото“ одделение каде се сместени посериозни пациенти и во моментов се утврдуваат околностите на пожарот.
За пожарот околу 00:40 часот била известена полициската управа Бања Лука.