ДРАМА ВО БАЊА ЛУКА – Шест лица повредени во пожар што ја зафати психијатриската клиника

Пет работници и еден пациент се повредени во пожар што рано утринава избувна на ургентното одделение на Клиниката за психијатрија во Бања Лука.

Тие се пренесени во главниот клинички центар во Република Српска и се врши набљудување за да се утврди степенот на нивните повреди.

Пожарот избувнал во „заклученото“ одделение каде се сместени посериозни пациенти и во моментов се утврдуваат околностите на пожарот.

За пожарот околу 00:40 часот била известена полициската управа Бања Лука.