Живи се сите 40 работници кои беа заробени од неделата при уривање на сообраќаен тунел во изградба во северна Индија, соопшти денеска спасувачката екипа.
„Им испративме вода и храна“, рече претставник на силите за брзо реагирање при катастрофи.
Околу 200 метри од тунелот се урна вчера.
На работниците им се доставува кислород низ отворите на урнатините.
– Во контакт сме со мажите внатре. Сите се добро и ние комуницираме со нив. Сите работиме напорно за да ги извадиме“, изјави за Си-Ен-Ен во понеделникот, началникот на полицијата на Утаркаши, Арпан Јадуванши.
Потсетуваме дека дел од тунелот во изградба во планинската северна индиска држава Утарканд се урна во неделата по лизгање на земјиштето.