Драма во Индија: Живи се 40 работници заробени во тунелот, спасувачите не се оптимисти (Видео)

 Живи се сите 40 работници кои беа заробени од неделата при уривање на сообраќаен тунел во изградба во северна Индија, соопшти денеска спасувачката екипа.

„Им испративме вода и храна“, рече претставник на силите за брзо реагирање при катастрофи.

Околу 200 метри од тунелот се урна вчера.

На работниците им се доставува кислород низ отворите на урнатините. 

– Во контакт сме со мажите внатре. Сите се добро и ние комуницираме со нив. Сите работиме напорно за да ги извадиме“, изјави за Си-Ен-Ен во понеделникот, началникот на полицијата на Утаркаши, Арпан Јадуванши.

Потсетуваме дека дел од тунелот во изградба во планинската северна индиска држава Утарканд се урна во неделата  по лизгање на земјиштето.