Авион без екипаж се урна синоќа врз станбена зграда во Курск, главниот град на истоимениот регион на границата со Украина, соопштија локалните власти, додавајќи дека нема жртви.
– Според првите информации, дронот удрил во зграда во Курск – напиша на Телеграм Роман Старовојт, гувернер на Курската област.
Тој рече дека искршени се прозорци на неколку згради, како и дека е погодена зградата на регионалниот универзитет.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека денеска соборило два украински беспилотни летала во регионите Курск и Брјанск, кои се граничат и со Украина.