Дрон удри во станбена зграда во Курск! Оштетена е и зградата на рускиот универзитет во градот на границата со Украина (ВИДЕО)

Авион без екипаж се урна синоќа врз станбена зграда во Курск, главниот град на истоимениот регион на границата со Украина, соопштија локалните власти, додавајќи дека нема жртви.

– Според првите информации, дронот удрил во зграда во Курск – напиша на Телеграм Роман Старовојт, гувернер на Курската област.

Тој рече дека искршени се прозорци на неколку згради, како и дека е погодена зградата на регионалниот универзитет.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека денеска соборило два украински беспилотни летала во регионите Курск и Брјанск, кои се граничат и со Украина.