Американскиот претседател Џо Бајден овој месец ќе посети држави од Централна Европа, соопшти денеска полскиот претседател Анджеј Дуда, наведувајќи дека не знае за кои земји станува збор.
– Тој најверојатно ќе го посети овој дел од Европа во февруари. Овој дел од Европа значи Централна Европа…Просторот што се протега од Романија до Естонија. Многу е тешко да се прецизираат кои земји ќе ги посети американскиот претседател, немаме конкретни информации“, изјави Дуда.