“Европски пребарувања: Луѓето во Европа и нивните интереси – Трамп или Бајден?”

Кој кандидат за нареден претседател на САД е најпребаруван во земјите од Стариот континент?

Оваа мапа покажува јасна разлика помеѓу западот и истокот на Европа. Истокот, кој моментално е преокупиран со војната во Украина, повеќе на интернет го пребарувал актуелниот претседател Џо Бајден. А, пак, кандидатот и поранешен претседател Доналд Трамп доминира во земјите од Западна Европа, но и во некои на Балканот, вклучително и Македонија.

Бајден: Русија, Белорусија, Естонија, Латвија, Литванија, Украина, Молдавија, Романија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Унгарија, Словачка, Чешка и Полска.

Трамп: Португалија, Шпанија, Франција, Италија, Швајцарија, Австрија, Словенија, Хрватска, Албанија, Македонија, Грција, Бугарија, Турција, Кипар, Малта, Луксембург, Белгија, Холандија, Ирска, Обединето Кралство, Исланд, Норвешка, Шведска и Финска.