Моментот на нападот на израелските воздухопловни сили на палестинската кула во Газа е снимен при вклучување на новинар на Ал Џезира.
Додека Џумна ел Сајед зборувала, зад неа одекнала силна експлозија, која може да се види и на видеото, по што четиринаесеткатницата почнала да се урива.
Таа во моментот на експлозијата се сокрила од кадарот.
Бројни згради во Газа беа срамнети со земја, вклучувајќи ја и кулата Ватан, а меѓу урнатите згради има и џамија.
Потсетуваме, по вчерашниот напад на Хамас и убивањето и киднапирањето на израелски војници и цивили, армијата ја започна операцијата „Железни мечеви“.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека тоа не е операција, туку вистинска војна и нареди мобилизација на резервистите.