Експлозија снимена во програма во живо: Застрашувачка глетка – новинарката се сокри, зад неа почна сè да се руши (ВИДЕО)

Моментот на нападот на израелските воздухопловни сили на палестинската кула во Газа е снимен при вклучување на новинар на Ал Џезира.

Додека Џумна ел Сајед зборувала, зад неа одекнала силна експлозија, која може да се види и на видеото, по што четиринаесеткатницата почнала да се урива.

Таа во моментот на експлозијата се сокрила од кадарот.

Бројни згради во Газа беа срамнети со земја, вклучувајќи ја и кулата Ватан, а меѓу урнатите згради има и џамија.

Потсетуваме, по вчерашниот напад на Хамас и убивањето и киднапирањето на израелски војници и цивили, армијата ја започна операцијата „Железни мечеви“.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека тоа не е операција, туку вистинска војна и нареди мобилизација на резервистите.