Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, ги релативизира сериите на победи и порази.
„Победувате три натпревари по ред, но тоа не е рај затоа што доаѓа пораз. Губите два или три натпревари по ред, тоа не е пекол, затоа што ќе го надминете овој период и повторно ќе победите“, изјави Мурињо.
Рома овој месец има три победи на три натпревари. Во Серија А совладани беа Фросиноне (2:0) и Каљари (4:1), додека во Лигата на Европа, швајцарски Сервет (4:0).
Победничката октомвриска серија на „Римската волчица“ може да продолжи утре за кога е закажан натпреварот со Монца (12:30 часот).