Жозе Мурињо: “Три победи по ред не се рај, затоа што доаѓа пораз, три порази по ред не се пекол, ќе има и победи“

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, ги релативизира сериите на победи и порази. 

Победувате три натпревари по ред, но тоа не е рај затоа што доаѓа пораз. Губите два или три натпревари по ред, тоа не е пекол, затоа што ќе го надминете овој период и повторно ќе победите“, изјави Мурињо.

Рома овој месец има три победи на три натпревари. Во Серија А совладани беа Фросиноне (2:0) и Каљари (4:1), додека во Лигата на Европа, швајцарски Сервет (4:0).

Победничката октомвриска серија на „Римската волчица“ може да продолжи утре за кога е закажан натпреварот со Монца (12:30 часот).