ПРИСТИГНА ХУМАНИТАРНАТА ПОМОШ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА – Камионите кога ја преминале границата настанал голем проблем !?

Конвој со хуманитарна помош влезе во Појасот Газа преку граничниот премин Рафах од Египет, потврдија палестинските граничари, додека египетската телевизија прикажа снимка од камионите кои влегуваат во Појасот Газа.

Преминот беше отворен околу 09:00 часот по средноевропско време. Откако поминаа камионите, преминот набрзо беше затворен.

Локалните власти изјавија за медиумите дека на 20 камиони им било дозволено да влезат во Појасот Газа денеска, со помош од египетската Влада, според договорот постигнат претходно од страна на САД, Израел и Египет.

Сепак, дописникот на американските медиуми од местото на настанот јави дека граничниот премин бил затворен веднаш штом поминале камионите.

Во исто време, канцеларијата за медиуми на Хамас објави дека хуманитарниот конвој кој денеска влегува во Појасот Газа вклучува 20 камиони кои превезуваат лекови, медицинска опрема и ограничени количини храна, главно конзервирана.

Канцеларијата за медиуми на палестинскиот Хамас денеска соопшти дека 20 камиони со хуманитарна помош, кои од Египет влегле преку граничниот премин Рафах, нема да ги променат катастрофалните медицински состојби во Појасот Газа.