Пристигна студената сезона со ниски температури. Без разлика дали сакате да ја излечите настинката или да ја спречите, чајот од нане и лук може да ви помогне.
Чајот од нане и лук лекува настинка
Состојки:
3 dl вода
3 чешниња лук
кесичка чај од нане или неколку листови свежо нане
мед
лимон
Подготовка:
Лукот издробете го малку, ставете го во шолја и оставете го да отстои 10 минути за да се активираат сите здрави материи во него.
За тоа време зовријте ја водата. Потоа ставете кесичка чај во шолја со лук и прелијте сè со топла вода и оставете да отстои 5 минути.
Доколку имате свежо нане, наместо кесичка чај, ставете неколку листови нане во шолја и направете го истиот процес.
По пет минути, процедете го чајот, додадете една лажица мед по желба и малку лимон и испијте го чајот додека е уште топол.
ВАЖЕН СОВЕТ: Откако ќе го подготвите чајот, не ги фрлајте лукот и нането (под услов да сте користеле свежи листови). Ставете ги лукот и нането во устата, џвакајте полека две минути и на крајот голтајте за да ја дезинфицирате усната шуплина и болното грло заразено со бактерии.
Лукот, „кралот“ на здравата храна, има силни антибактериски и антиинфламаторни својства, а нането ги отвора дишните патишта и го олеснува кашлањето, па овие две состојки во комбинација се моќен борец против настинки и бактериски инфекции на грлото.