Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потврди дека за време на овонеделната посета на САД се сретнал со водечки американски претприемачи и финансиери.
Зеленски разговараше со нив за инвестициите во Украина по војната.
Зеленски рече дека бизнисмените, вклучувајќи ги Мајкл Блумберг, Лари Финк и Бил Акман, изразиле подготвеност да одобрат големи инвестиции во обновата на Украина по војната со Русија, пренесува Ројтерс.
„Американските претприемачи и финансиери ја потврдија својата подготвеност за големи инвестиции во нашата земја веднаш по завршувањето на војната и добивањето безбедносни гаранции. Работиме на победа и обновување на Украина“, напиша Зеленски на својот канал Телеграм, заедно со фотографиите од состанокот. со американски бизнисмени.