Зеленски разговараше со бизнисмени во САД за можностите за инвестирање во Украина по војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска потврди дека за време на овонеделната посета на САД се сретнал со водечки американски претприемачи и финансиери.

Зеленски разговараше со нив за инвестициите во Украина по војната.

Зеленски рече дека бизнисмените, вклучувајќи ги Мајкл Блумберг, Лари Финк и Бил Акман, изразиле подготвеност да одобрат големи инвестиции во обновата на Украина по војната со Русија, пренесува Ројтерс.

„Американските претприемачи и финансиери ја потврдија својата подготвеност за големи инвестиции во нашата земја веднаш по завршувањето на војната и добивањето безбедносни гаранции. Работиме на победа и обновување на Украина“, напиша Зеленски на својот канал Телеграм, заедно со фотографиите од состанокот. со американски бизнисмени.