Зимата официјално започна!
Утрово во четири часот и 27 минути на северната хемисфера на Земјата почна зимата, а денеска денот ќе биде најкраток, а ноќта најдолга во годината.
Сонцето изгрева во 7 часот, а ќе зајде во 16 часот, што значи дека ќе уживаме во дневната светлина повеќе од осум часа .
Во истиот момент започнува летото за жителите на јужната хемисфера на Земјата.