Зимата пристигна според календарот! Најкраткиот ден и најдолгата ноќ во годината се пред нас

Зимата официјално започна!

Утрово во четири часот и 27 минути на северната хемисфера на Земјата почна зимата, а денеска денот ќе биде најкраток, а ноќта најдолга во годината.

Сонцето изгрева во 7 часот, а ќе зајде во 16 часот, што значи дека ќе уживаме во дневната светлина повеќе од осум часа .

Во истиот момент започнува летото за жителите на јужната хемисфера на Земјата.