Пејачката Теодора Џехверовиќ се истакна во реалното шоу „Задруга“ каде го освои третото место. По излегувањето постигна голем успех и завидни резултати на музичката сцена.
Пејачката често ја шокира јавноста со своите потези, а сега повторно е во центарот на вниманието поради видео на социјалните мрежи.
Теодора покажа како става смеса на лицето за кожата да и’ изгледа подобро, а нејзиното однесување изненади многумина.
– Можеби не изгледа така, но со мене сè е во ред. Толку ме има фатено некое лудило, па сакам да споделам со вас… Знам дека некои мислат дека сум болна, ме сметаат за некое лудо пиле, но тоа не е вистина! Мило ми е што ме гледате ваква, немам проблем да направам нешто што е чудно – рече Теодороа.
– „Човек да се прекрсти“, „Ова е страшно“, „Треба да се срамиш“ – беа дел од коментарите.