„Знам дека некои мислат дека сум луда“ Теодора Џехверовиќ проговори по чудното видео, даде детално оправдување (фото)

Пејачката Теодора Џехверовиќ се истакна во реалното шоу „Задруга“ каде го освои третото место. По излегувањето постигна голем успех и завидни резултати на музичката сцена.

Пејачката често ја шокира јавноста со своите потези, а сега повторно е во центарот на вниманието поради видео на социјалните мрежи.

Теодора покажа како става смеса на лицето за кожата да и’ изгледа подобро, а нејзиното однесување изненади многумина.

– Можеби не изгледа така, но со мене сè е во ред. Толку ме има фатено некое лудило, па сакам да споделам со вас… Знам дека некои мислат дека сум болна, ме сметаат за некое лудо пиле, но тоа не е вистина! Мило ми е што ме гледате ваква, немам проблем да направам нешто што е чудно – рече Теодороа.

– „Човек да се прекрсти“, „Ова е страшно“, „Треба да се срамиш“ – беа дел од коментарите.