Израелските одбранбени сили (ИДФ) и безбедносната агенција Шин Бет соопштија дека капларот Ори Мегидиш, кој беше заробенa од групата Хамас на 7 октомври и однесен во Појасот Газа, ноќеска е спасена во копнената операција на израелските сили.
Во заедничката изјава, ИД и Шин Бет се наведува дека капларот Ори Мегидиш е во добра состојба и веќе се вратила во семејството.
ИДФ соопшти дека Мегидиш била спасена за време на копнената операција во текот на ноќта, но не даде дополнителни детали за начинот на ослободувањето.
Мегидиш е припадничка на извидувачка единица и Хамас го зеде за заложник на 7 октомври, кога тие упаднаа во базата Нахал Оз.