ФОТО | Израел: Ова е жената војник што ја ослободивме. Таа беше притворена три недели

 Израелските одбранбени сили (ИДФ) и безбедносната агенција Шин Бет соопштија дека капларот Ори Мегидиш, кој беше заробенa од групата Хамас на 7 октомври и однесен во Појасот Газа, ноќеска е спасена во копнената операција на израелските сили.  

Во заедничката изјава, ИД и Шин Бет се наведува дека капларот Ори Мегидиш е во добра состојба и веќе се вратила во семејството.

ИДФ соопшти дека Мегидиш била спасена за време на копнената операција во текот на ноќта, но не  даде дополнителни детали за начинот на ослободувањето.

Мегидиш е припадничка на извидувачка единица и Хамас го зеде за заложник на 7 октомври, кога тие упаднаа во базата Нахал Оз.