Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлогот на закон за изменување на законот за јавнообвинителска служба.
Со предложените измени и дополнувања, како што е образложено од предлагачот, Министерството за правда, врз основа на Законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата во Република Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија”број 41/22), се вршат соодветни измени на Законот за јавнообвинителска служба, при што минималната плата е утврдена како компонента на основната плата. Со предложените измени на Законот за јавнообвинителска служба се предлага трансформирање на минималната плата од компонента на основната плата – во дополнителни бодови за звање.