Измени и дополнувања на законите за јавнообвинителска служба и за судска служба со цел усогласувања на платите согласно Законот за мининална плата

Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлогот на закон за изменување на законот за јавнообвинителска служба.

Со предложените измени и дополнувања, како што е образложено од предлагачот, Министерството за правда, врз основа на Законот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата во Република Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија”број 41/22), се вршат соодветни измени на Законот за јавнообвинителска служба, при што минималната плата е утврдена како компонента на основната плата. Со предложените измени на Законот за јавнообвинителска служба се предлага трансформирање на минималната плата од компонента на основната плата – во дополнителни бодови за звање.