Опериран Арнолд Шварценегер! Позната состојба на актерот по интервенцијата

Актерот им раскажа на своите фанови како се чувствува моментално по операцијата.

На Арнолд Шварценегер му бил вграден пејсмејкер откако лузните од претходните операции предизвикале неправилно чукање на неговото срце.

Актерот минатата недела имаше тајна процедура на срцето, а сега се огласи и ја откри моменталната состојба. 

– Минатиот понеделник бев на операција, добив пејсмејкер. До петокот веќе присуствував на голем еколошки настан со мојата пријателка и колешка Џејн Фонда. „Никој никогаш не би помислил дека ја започнав неделата со операција “, откри тој на неговиот подкаст „Arnold’s Pump Club“.

Поранешниот гувернер на Калифорнија беше подложен на оваа процедура по совет на неговите лекари, кои рекоа дека неговите три претходни операции на срцето го нарушиле неговото тело.

– Ме советуваа и дека е време да ја направам оваа интервенција, бидејќи некоја лузна од мојата претходна операција предизвика неправилни отчукувања на срцето. Тоа е животот со генетски проблем со срцето.  Истиот здравствен проблем ги уби мајка ми и баба ми. Сè уште сум тука за медицински иновации, многу сум одговорен и решен да се грижам и да ги слушам моите лекари – изјави Шварценегер.