Тошковски: Термини за пасош по итна постапка се добива за еден ден

Реорганизацијата и зголемувањето на капацитетите во делот на управните служби дава резултат, вели техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

„Повеќе нема чекање со месеци за фотографирање за пасош по итна постапка во Скопје и од денес граѓаните кои ќе побараат термин, ќе го добијат за истиот или наредниот ден“ истакна Тошковски.