Скопје, Сараево и Белгард меѓу водечките градови во светот со загаден воздух

И денеска во Скопје амбиенталниот воздух е загаден и штетен по здравјето на граѓаните. Според мерењата на загаденоста на воздухот Скопје опстојува во „топ 10“ градови каде воздухот е штетен по здравјето на граѓаните. Во вечерното рангирање Скопје се проби од 11. место до 8. позиција. Делхи е прворангиран според специјализираната интернет страница „iqair“ која прибира податоци од целиот свет.

Покрај Скопје меѓу „водечките“ градови во светот со загаден воздух од Балканот се најдоа Сараево кој е треторангиран и Белград на деветтото место.